Холандија повикува за отворање засолништа во случај на војна или природни катастрофи
- Холандската Влада ги повика општините во таа земја да отворат засолништа, вклучително и во подземни гаражи, каде што граѓаните би можеле да се засолнат во случај на војна или природна катастрофа.
Амстердам, 23 мај 2025 (МИА) - Холандската Влада ги повика општините во таа земја да отворат засолништа, вклучително и во подземни гаражи, каде што граѓаните би можеле да се засолнат во случај на војна или природна катастрофа.
„Ако луѓето ги изгубиле своите домови, подобро е да бидат безбедни и на суво место каде што знаете дека има средства за комуникација“, рече министерот за одбрана Давид ван Вил по состанокот на Советот на министри.
Тој рече дека војна или напад е „најлошото можно сценарио“, за кое се надева дека никогаш нема да се случи, но дека Холандија се подготвува и за таков случај. зш/
фото Пиксабеј