• четврток, 14 ноември 2024

Холандија во фокусот на 14. издание на „Здраво млади“

Холандија во фокусот на 14. издание на „Здраво млади“

Скопје, 11 октомври 2024 (МИА) - Во рамки на 14. издание на фестивалот на нова музика „Здраво млади“, што ќе се одржи денеска во МКЦ, публиката ќе има можност да проследи богата културна програма која ќе биде реализирана како соработка на Младинскиот културен центар - Скопје и Холандската амбасада.

Како што информира МКЦ, програмата која има за цел да ја промовира и слави холандската култура, ќе овозможи увид во современата холандска сцена, со разновидна понуда од уметнички активности.

Во рамки на музичката програма, публиката ќе има можност да погледне плејада млади холандски музички групи и артисти кои со себе носат современ и моќен европски звук. Во МКЦ ќе настапат „VELOCITY MADE GOOD“, триото „HOUSEPAINTERS“, триото „TEXOPRINT“, „SØWT“, кантавторката „EERIE WANDA“, како и диџеј сет на независниот промотор, агент и менаџер на издавачката куќа „YUGOFUTURISM“,  Кун Хегде или диџеј „VIKENDICA“.

Во соработка со Кинотека  и „Eye Filmmuseum“ од Амстердам, публиката ќе има можност да проследи неколку архивски филмови кои се дел од фондот на реномираниот филмски музеј, а се патеписи од Балканот, Македонија и Скопје во периодот од 1912 – 1930 година.

На еден од надворешните ѕидови од институцијата ќе биде нацртан мурал од страна на еден од најпознатите ротердамски артисти Јорен Јошуа, чија специјалност се духовити и апсурдни илустрации од секојдневниот живот. Предвидена е и специјална работилница за урбана уметност и графити карактери со ХРОМ, НЕЈМ и ФЛИМ, мини саем на холандска литература и вкусување на автентична холандска храна.

Музичката програма на фестивалот почнува во 19 часот, додека останатите активности ќе се одвиваат во текот на целиот ден. Влезот е слободен. мд/аа/

Фото: Постер 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан