• понеделник, 23 декември 2024

Хитот на „АББА“, „Waterloo“ ќе биде преобјавен по повод 50-годишнината од првото издание

Хитот на „АББА“, „Waterloo“ ќе биде преобјавен по повод 50-годишнината од првото издание

Лондон, 16 февруари 2024 (МИА) - „Waterloo“ - вториот студиски албум на шведската поп-група „АББА“, којшто стана хит во 1970-тите, повторно ќе биде објавен - во ограничено издание, по повод 50-годишнината од првичното издавање.

Албумот ќе биде преиздаден на 5 април на „2-ЛП“ винил-плоча. За да ја прослават годишнината од албумот, обожавателите ќе може да купат и билети за промотивниот настан на покривот на лондонската „О2 Арена“ закажан за 4 април и да уживаат во диско-тематската атмосфера. 

Албумот „Waterloo“ беше издаден во март 1974 година, а освен насловната, имаше и други познати песни, како што се „My Mama Said" и „Honey, Honey“. Со насловната песна на албумот, „АББА“ ја претставуваше Шведска на „Евросонг“ во британскиот град Брајтон, каде што скандинавскиот состав и победи таа 1974 година.  си/

Фото: МИА архива

Остани поврзан