• недела, 22 декември 2024

Хиперавтомобилoт „Хвајра Р“ доби свој ВР-симулатор

Хиперавтомобилoт „Хвајра Р“ доби свој ВР-симулатор

Рим, 27 март 2024 (МИА) - Италијанскиот производител на хиперавтомобили, „Пагани“ (Pagani), во соработка со швајцарската автокомпанија „Рејсинг анлишд“ (Racing Unleashed), го дизајнираше новиот виртуелно-реален симулатор „Хвајра Р“ (Huayra R).

Како што посочува и неговото име, симулаторот е инспириран од автомобилот „Хвајра Р“ заради „автентично Пагани-искуство“ со возењето. Платформата долга 3,11 метри е направена од јаглерод којшто потекнува од истите извори за оној што се користи за производство на најмоќниот „Пагани“ хиперавтомобил, којшто инаку, чини околу 2,8 милиони евра (три милиони долари). Основата ги содржи отворите за вентилација типични за овие возила, наменети за ладење на компјутерот за виртуелната видеоигра.

Освен впечатливата надворешност, симулаторот ја има и истата поставеност како специфичното возило. Тоа значи дека го има скоро истото седиште, волан и педали - но прикачени на голем екран.

Од „Пагани“ велат дека инженерските и дизајнерските тимови внимателно се погрижиле за секоја подробност, па симулаторот е „верна копија“ на автомобилот којшто, инаку, се појави во 2021 година. Сите функции се темелно тестирани од професионални и развојни возачи.

Звукот е, исто така, исклучително важен, па симулаторот доаѓа со слушалки за виртуелна реалност, аудиосистем 5.1 и звучници вградени во седиштето. 

Виртуелниот симулатор првично ќе биде достапен само за одреден број корисници, а подоцна ќе ѝ биде понуден и на пошироката јавност.  си/ссм/

Фото: „Пагани“

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан