• понеделник, 23 декември 2024

Хејли Бибер оди на психолог поради троловите

Хејли Бибер оди на психолог поради троловите
Лондон, 15 јануари 2021 (МИА) - Во интервју за лондонскиот весник „Ивнинг стандард“, манекенката Хејли Бибер откри дека посетувала психолог за да се справи со интернет-троловите и озборувањата. - Морав да работам многу околу тоа со терапевт, бидејќи дојде до точка кога тие (троловите) станаа премногу луди по мене, и јас бев навистина вознемирена цело време. Она што најмногу ми пречи е што многу луѓе на интернет навистина сакаат да бидам не толку пријатна личност. Очекуваат да бидам злобна и ме викаат „кучка“. Никогаш не сте ме сретнале лично! Не ме познавате!, вели супермоделот. Голем дел од негативното внимание, како што самата вели, дошло по венчавката со Канаѓанецот Џастин Бибер - еден од најпознатите пејачи во светот. А, добар дел од троловите се обожаватели на Селена Гомез, поранешната девојка на Џастин. Хејли смета и оти луѓето имаат лажни, големи очекувања за славните, што придонесува кон она што таа го нарекува за „култура на откажување“. - Отворена сум за фактот дека се уште растам како личност. Би сакала луѓето да бидат поотворени кон идејата да им дозволат на луѓето да учат, да растат, да прават грешки и да продолжат понатаму. Но, ние живееме во оваа култура на откажување, каде што луѓето постојано велат: „Го стори тоа, затоа откажи се!“ Тоа е многу штетен светоглед, вели таа. си/сд/

Остани поврзан