Херцог ја поддржа одлуката на Владата на Израел да дозволи продолжување на испораката на хуманитарна помош за Газа
- Израелскиот претседател Исак Херцог денеска ја поддржа одлуката на владата да дозволи продолжување на хуманитарната помош за Газа, оценувајќи дека е од клучно значење да се создадат основни услови за живот во таа енклава, пренесуваат израелските медиуми.
Тел Авив, 19 мај 2025 (МИА) - Израелскиот претседател Исак Херцог денеска ја поддржа одлуката на владата да дозволи продолжување на хуманитарната помош за Газа, оценувајќи дека е од клучно значење да се создадат основни услови за живот во таа енклава, пренесуваат израелските медиуми.
Во говорот на пленарното собрание на Светскиот еврејски конгрес во Ерусалим, Херцог нагласи дека тој чекор е неопходност од морална и стратешка гледна точка, пренесува „Тајмс оф Израел“.
„Овој чекор е од витално значење за Израел да ги одржи своите воени капацитети и да дејствува во согласност со меѓународното хуманитарно право, а што е најважно, со цел да се зачува хуманоста во оваа трагедија“, рече Херцог. рп/
Фото: МИА архива