Херцог смета дека Израел е исправен пред најсериозната криза од своето постоење
- Реформата на правосудниот систем, работите што се случија околу формирањето на оваа влада, коалициските договори - сето тоа експлодира одеднаш, рече Херцог.
Тел Авив, 25 април 2023 (МИА) - Израелскиот претседател Исак Херцог го опиша спорот за судските реформи како „најсериозна внатрешна криза од формирањето на државата“ пред 75 години, јави ДПА.
Во интервју за израелски сајт, што беше објавено вчера, Херцог, истовремено, изрази надеж дека земјата може да излезе посилна од оваа ситуација.
Прославите за одбележување на 75-годишнината од основањето на Израел почнуваат вечерва, но тие ќе бидат нарушени со контроверзии околу владините планови за воведување на судски реформи, кои противниците на реформата ги отфрлаат како закана за демократијата.
-Реформата на правосудниот систем, работите што се случија околу формирањето на оваа влада, коалициските договори - сето тоа експлодира одеднаш, рече Херцог.
Реформата што ја бара десничарската религиозна влада на Бенјамин Нетанјаху, многумина ја сметаат за „промена на светскиот поредок“, забележа ДПА.
Сојузниците на Израел со загриженост ја следат кризата, рече Херцог.
-Светот не гледа, нашите непријатели слават, а нашите пријатели се загрижени. Ме прашуваат што се случува, додаде тој.
„Покрај прашањата што нè плашат уште од раните денови на ционизмот, прашањата за рамнотежата меѓу еврејското и демократското, за местото на религијата во нашите животи и за ограничувањата на властите, има и многу психолошки елементи“, изјави Херцог во врска со судските реформи
-Ние сме народ кој е собран од 100 различни места, додаде израелскиот претседател. сд/