Хенес потпиша нов договор со Штутгарт
- Тренерот Себастијан Хенес го продолжи договорот со германскиот фудбалски клуб Штутгарт за една година до летото 2028 година, пренесоа германските медиуми. Нема ослободителна клаузула во договорот.

Штутгарт, 22 март 2025 (МИА) - Тренерот Себастијан Хенес го продолжи договорот со германскиот фудбалски клуб Штутгарт за една година до летото 2028 година, пренесоа германските медиуми. Нема ослободителна клаузула во договорот.
Хенес (42) го презеде тимот во април 2023 година и го спаси Штутгарт од испаѓање. Следната сезона ги предводеше „црвените“ до второто место во Бундеслигата, а оваа кампања Штутгарт е на десеттата позиција. Тренерот беше поврзуван со преселба во друг клуб во летото 2025 година, но новиот договор е гаранција дека тој ќе остане на „МХПАрена“.
-Штутгарт и Себастијан работат во хармонија и целосно разбирање од неговиот прв ден во клубот. Себастијан не спаси од испаѓање и следната сезона стигна до второто место, што ни донесе квота за Лигата на Шампионите. Тој има јасен стил на игра и успеа да развие голем дел од нашите достапни играчи. Сакаме да работиме со него долгорочно, изјави извршниот директор на тимот Александар Верле. дс
Фото: Принтскрин