• вторник, 05 ноември 2024

Хеликоптер на ОН присилно слетал во Сомалија, исламисти ги киднапирале патниците и екипажот

Хеликоптер на ОН присилно слетал во Сомалија, исламисти ги киднапирале патниците и екипажот

Могадишу, 10 јануари 2024 (МИА) – Сомалиската исламистичка група Ал Шабаб киднапирала патници и екипаж на хеликоптер на Обединетите нации (ОН), потврди висок функционер за Би-Би-Си.

Хеликоптерот слетал во област контролирана од групата во централна Сомалија. Според некои извештаи, екипажот на хеликоптерот бил принуден да изврши итно слетување, додека други тврдат дека слетувањето било грешка.

Западен функционер, кој сакал да остане анонимен, за „Вашингтон пост“ изјавил дека членовите на групата го запалиле хеликоптерот откако леталото било принудено да изврши итно слетување на пат кон градот Висил во централниот регион Галгудууд. ОН обезбедуваат логистичка и медицинска поддршка за мировниците на Африканската унија во Сомалија.

Официјален претставник на мировните сили, кој сакаше да остане анонимен, рече дека во хеликоптерот немало припадници на нивните сили.

Ал Шабаб контролира голем дел од територијата во јужна и централна Сомалија. Групата е поврзана со Ал Каеда и води брутален бунт од 2006 година. јт/

Фото: Архива

Остани поврзан