• недела, 22 декември 2024

Хеликоптер на МВР исфрли над 20 тони вода, локализиран пожарот кај Пиперево

Хеликоптер на МВР исфрли над 20 тони вода, локализиран пожарот кај Пиперево

Скопје, 3 септември 2023 (МИА) - Одделот за воздухопловни единици на МВР по добиено барање од ЦУК за гасење на пожар кај селото Пиперево, го упати хеликоптерот Бел-212 и во координирано постапување со пожарникарите од Територијалната противпожарна единица, пожарот е локализиран.

Хеликоптерот Бел-212 врз пожарот исфрли над 20 тони вода, наведуваат од МВР.

Од ЦУК, во меѓувреме, информираат дека двата пожари - во атарот на село Пиперево, Штипско и во Зелениково, се значително намалени, но се уште активни.

-Поради пониските температури и росата очекуваме во текот на ноќта значително да се намали горењето. Утре рано наутро во зависност од состојбата ќе донесеме одлука на кој начин ќе се продолжи нивното гаснење, наведуваат од ЦУК. вг/са/

Фото/видео: МВР

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан