• петок, 05 декември 2025

Хегсет: САД распоредуваат повеќе оружје на Блискиот Исток

Хегсет: САД распоредуваат повеќе оружје на Блискиот Исток

Вашингтон, 17 јуни 2025 (МИА) - Министерот за одбрана на САД, Пит Хегсет, синоќа изјави дека наредил дополнително оружје да биде распоредено на Блискиот Исток поради ескалацијата на конфликтот меѓу Израел и Иран, што ги зголемува тензиите во регионот, објави тој на платформата „X“.

Хегсет не прецизираше какво оружје е испратено во регионот.

-Заштитата на американските сили е наш врвен приоритет и ова распоредување оружје има за цел да ја зајакне нашата одбранбена позиција во регионот, рече Хегсет. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан