• петок, 05 декември 2025

Хегсет нареди припадниците на Националната гарда во Вашингтон да носат огнено оружје 

Хегсет нареди припадниците на Националната гарда во Вашингтон да носат огнено оружје 

Вашингтон, 22 август 2025 (МИА) – Министерот за одбрана на САД, Пит Хегсет нареди припадниците на Националната гарда, кои патролираат на улиците на Вашингтон, во рамките на борбата против криминалот, да носат огнено оружје.

Во моментот во главниот град на САД се распоредени околу 2.000 припадници на Националната гарда.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Вашингтон, поради неговата интервенција, сега е побезбеден од кога било.

Трамп денеска најави дека Чикаго и Њујорк ќе бидат следните големи градови каде ќе се спроведува федерална акција против криминалот.

- Ќе ги направиме нашите градови многу, многу безбедни. Мислам дека Чикаго ќе биде нашиот следен, а потоа ќе му помогнеме на Њујорк, истакна Трамп. ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан