• недела, 22 декември 2024

Хајдаи: Русите предизвикаа пожар во фабриката „Азот“ во Севернодоњецк, се излеа тон нафта

Хајдаи: Русите предизвикаа пожар во фабриката „Азот“ во Севернодоњецк, се излеа тон нафта
Киев, 11 јуни 2022 (МИА) – Руското гранатирање на хемиската фабрика „Азот“ во Северодоњецк предизвика силен пожар и излевање на тон нафта, изјави денеска гувернерот на регионот Серхи Хајдаи. За локалната телевизијата Хајдаи не прецизираше дали пожарот во фабриката во која се засолниле стотици цивили е изгаснат. Тој само кажа дека борбите во источниот украински град Севернодоњецк се во тек, а за кој набљудувачите предвидуваат дека ќе стане вториот Мариупол во однос на човечки загуби и уништување пред да падне во рацете на Русија. Градот е еден од последните џебови на отпорот на руската агресија во источната провинција Луганск. Северодоњецк и Лисичанск на спротивната страна на реката Доњецк се последните места под делумна украинска контрола во областа Луганск, чија окупација е една од клучните воени цели на Русија. Украина вели дека нејзината единствена надеж за промена на ситуацијата во индустрискиот град е да добие повеќе артилерија бидејќи Русија е супериорна во тој аспект. сд/

Остани поврзан