• петок, 02 август 2024

Хачимура предвреме го напушти Париз поради повреда

Хачимура предвреме го напушти Париз поради повреда

Париз, 2 август 2024 (МИА) - Јапонскиот кошаркар Руи Хачимура поради повреда ги заврши Олимписките игри во Париз.

Како што соопшти Кошаркарскиот сојуз на Јапонија, Хачимура го напушти тимот поради повреда на потколеницата на левата нога.

Репрезентацијата соопшти дека кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс почувствувал непријатност во потколеницата по поразот од Франција (90:94) во вторникот, а по лекарските прегледи била констатирана повредата. Потоа го напуштил тимот.

-Бидејќи повредата бара ран третман, за жал не можам да бидам со тимот во согласност со правилата на НБА/ФИБА. Им благодарам на сите што ме поддржаа на натпреварите, на љубителите на кошарката ширум светот и на сите фанови во Јапонија. Мислам дека одигравме добро, горд сум што успеав да играм за репрезентацијата, рече Хачимура во соопштението.

Во поразот од Франција одигра 29 минути и постигна 24 поени, додека против Бразил не играше на натпреварот кој Јапонија го загуби со 84:102. дс

Фото: Принтскрин

Остани поврзан