• понеделник, 23 декември 2024

Хафингтон пост: И „брзата мода“ со огромни загуби поради Ковид-19

Хафингтон пост: И „брзата мода“ со огромни загуби поради Ковид-19
Рим, 14 јули 2020 (МИА) - По 20 години огромен профит, таканаречената „брза мода“ претрпува огромни загуби и производителите како што се шведскиот H&M, шпанска „Зара“, „Paul&Bear“, „Страдивариус“ затвораат илјадници продавници ширум светот. Без работа остануваат и во развиените држави и работниците во сиромашните земји, објави „Хафингтон пост“. Според проценките на „Бизнис и мода“ (The Business & Fashion), глобалната индустрија за мода, облека и чевли ќе има меѓу 25 и 30 проценти загуби поради пандемијата и кризата. Таа индустрија, на глобално ниво, заработува 2,5 илјади милијарди годишно. Кон тоа се додава и фактот дека глобализираната евтина мода се произведува во оддалечени делови на светот, што за време на пандемијата на коронавирусот придонесе за нарушување во комуникацијата. „Ковид-19 откри само проблеми со производство на брзата облека каде не им оди добро веќе долго време. Премногу производство има, не е одржливо за планетата, изјави за весникот Данило Вентури, директор на Меѓународниот институт за моден дизајн и маркетинг „Полимода“. паг/

Остани поврзан