Хасани за безбедносниот договор со Украина: Ние сме на страната на меѓународното право
- Албанскиот министер за Европа и надворешни работи, Игли Хасани, произнесувајќи се за Договорот со Украина во областа на безбедноста, оценува дека од почетокот на "неиспровоцираната руска агресија врз Украина, Албанија јасно кажала дека е на страната на законот, меѓународното право и украинскиот народ".
Тирана, 6 јуни 2025 (МИА) - Албанскиот министер за Европа и надворешни работи, Игли Хасани, произнесувајќи се за Договорот со Украина во областа на безбедноста, оценува дека од почетокот на "неиспровоцираната руска агресија врз Украина, Албанија јасно кажала дека е на страната на законот, меѓународното право и украинскиот народ".
-Како доверлива земја-членка на НАТО, ги преземаме потребните одговорности во одбраната на меѓународниот поредок што гарантира мир и слобода за сите, објави Хасани на Фејсбук.
Албанскиот парламент на вчерашната попладневна седница го ратификуваше Договорот за соработка во областа на безбедноста и долгорочната поддршка меѓу Албанија и Украина, потпишан на 21 јануари 2025 година, во Давос.
-Преку договорот, Албанија се обврзува на четири главни области: безбедност и одбрана; одговорност и меѓународна правда; хуманитарна помош и реконструкција; и одговор на ескалација, за да потврдиме дека сме подготвени и соработуваме во секое сценарио, наведува Хасани во објавата. вт/
Фото: Хасани ФБ