• петок, 22 ноември 2024

Хари Кејн стартер против Јунајтед

Хари Кејн стартер против Јунајтед
Лондон, 18 јуни 2020 (МИА) - Лидерот на Тотенхем, Хари Кејн е подготвен да игра и ќе игра како стартер во утрешниот натпревар против Манчестер Јунајтед. Веста ја потврди менаџерот на „петлите“, Жозе Мурињо. - Хари Кејн не играше фудбал повеќе од шест месеци, но работи многу напорно. Можам да ви кажам дека нема проблем. Дали е во топ форма? Не знаеме. Малку тренинзи со нашите пријатели од Норвич не можат да ни го кажат тоа. Тој е неверојатен професионалец и тој ќе биде стартер утре,изјави Специјалниот. Хјун-Мин Сон, кој исто така се опорави од повредата, ќе биде во нападот на Тотенхем. Сепак, Џовани Ло Селсо е во прашање. Мурињо објасни дека наметнатата изолација поради пандемијата на коронавирус го спречи Аргентинецот да се опорави, бидејќи тој мораше да работи со физиотерапевт, што не беше можно. - Тој тренираше последните неколку дена. Мислам дека ќе биде достапен за натпреварот, но за сигурно ќе знаеме утре, рече Мурињо. Португалецот изрази надеж дека Јан Вертонген ќе го продолжи својот договор барем до крајот на сезоната. Договорот на Белгиецот истекува на 30 јуни, а клубот преговара за негово продолжување.

Тагови

Остани поврзан