Харисон Форд го претстави „Индијана Џонс 5“
- Допрва ќе го добие насловот, а ќе биде објавен на 30 јуни 2023 година. Првпат режисер не е Стивен Спилберг, туку Џејмс Манголд.
Лос Анџелес, 12 септември 2022 (МИА) - Харисон Форд го претстави петтиот филм од серијалот „Индијана Џонс" на шоуто „Д-23“ на „Дизни“ во околијата на Лос Анџелес. Околу 6.000 луѓе притоа му ракоплескаа на 80-годишниот американски глумец.
Филмот допрва ќе го добие насловот, а ќе биде објавен на 30 јуни 2023 година.
- Многу сум горд што можам да кажам дека (филмот, з.п.) е фантастичен! И таа е една од причините (покажува кон другата ѕвезда на филмот, глумицата Фиби Волер-Бриџ)... Да се следи овaa личност е исцрпувачки!, додаде Форд, видно возбуден. [caption id="attachment_1770960" align="alignleft" width="2048"] Харисон Форд и Фиби Волер-Бриџ[/caption] Харисон Форд изјави дека ова е негов последен настап како Индијана Џонс. Овојпат, првпат режисер не е Стивен Спилберг, туку Џејмс Манголд. Во филмот глумат и Мадс Микелсен, Тоби Џонс и Антонио Бандерас. си/sd/ https://www.youtube.com/watch?v=z0yMEJafqqk