• недела, 22 декември 2024

Харвард се затвора поради коронавирусот

Харвард се затвора поради коронавирусот
Кембриџ, 11 март 2020 (МИА) - Универзитетот Харвард преминува на виртуелна настава поради пандемија на новиот коронавирус, а Универзитетот бара од студентите да ги напуштат студентските домови за пет дена, изјави портпаролката на Универзитетот, Рејчел Дан. - Ги замоливме студентите на Харвард да ги напуштат собите до недела, 15 март. Целата академска настава ќе се одржува на далечина, истакна Дан за Си Ен Ен. Друг портпарол на Харвард, Џејсон Њутон додаде дека сите состаноци во кампусот по 23 март ќе бидат виртуелни. Претседателот на Харвард, Лоренс Бекоу потврди дека Универзитетот во Кембриџ, Масачусетс, ќе премине на одржување настава преку интернет од 23 март, првиот ден по пролетните празници. - Целта на овие измени е да се намали потребата за собирање во големи групи и долготрајно минување време во затворени простории, како што се училниците, трпезариите и станбените згради. Знам дека на нашите студенти ќе им биде тешко да ги напуштат своите пријатели и училници. Одлуката е донесена многу тешко и правиме се за да ве заштитиме вас, но и останатите членови на нашата заедница кои можеби се чувствителни на оваа болест, додаде Бекоу. Досега во САД се регистрирани 1.109 заразени лица, а има 31 смртен случај. гт/

Остани поврзан