• четврток, 21 ноември 2024

Хамнеи: Иднината на Иран не зависи од нуклеарните преговори

Хамнеи: Иднината на Иран не зависи од нуклеарните преговори
Техеран, 12 април 2022 (МИА) – Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи денеска изјави дека иднината на земјата не треба да се врзува со успехот или неуспехот на нуклеарните преговори со светските сили. Хамнеи, кој го има последниот збор за сите државни прашања, меѓу другото рече дека преговорите за заживување на нуклеарниот договор од 2015 година „одат добро“. - Апсолутно не ги чекајте нуклеарните преговори за да го планирате напредокот на нашата земја. Не дозволувајте вашата работа да биде попречена без разлика дали преговорите ќе постигнат позитивни, полупозитивни или негативни резултати“, рече Хамнеи на собир на високи ирански државни функционери. САД и Иран меѓусебно се обвинуваат за недостиг на „политичка волја“ за решавање на преостанатите спорни прашања кои го попречуваат постигнувањето договор за заживување на нуклеарниот договор од 2015 година. јт/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан