• петок, 22 ноември 2024

Хамилтон: Јас просто се молев, моето срце скоро запре

Хамилтон: Јас просто се молев, моето срце скоро запре
Силверстоун, 2 август 2020 (МИА) - Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон ги сподели своите впечатоци по седмата победа на британското Гран при. Тој денес на четвртата трка од сезоната 2020 го освои првото место со голема мака во последниот круг кога му пукна предна гума. - До последниот круг сè изгледаше добро, Ботас постојано вршеше притисок, ме одржуваше во добра форма. Кога слушнав за проблемите на Валтери, сфатив дека морам внимателно да возам. И кога ми пукна гумата, болидот се спушти, сфатив дека ова е проблем, но не разбрав колку е сериозен. Продолжив да возам и само се молев да не ми се скрши предното крило за да можам да завршам. И така се случи. Јас сум многу изненаден. Големата предност ми дозволи да се надевам на најдоброто. И така се случи, но беше тешко. Само се молев, моето срце скоро запре. зс/

Остани поврзан