Хамилтон испратил предлози до Ферари за подобрување на перформансите на болидот
- Седумкратниот шампион во Формула 1, Луис Хамилтон, му испратил на раководството на тимот голем број предлози во врска со дизајнот на автомобилот за следната сезона.
Маранело, 16 август 2025 (МИА) - Седумкратниот шампион во Формула 1, Луис Хамилтон, му испратил на раководството на тимот голем број предлози во врска со дизајнот на автомобилот за следната сезона.
Според „Газета дело Спорт“, покрај документите во врска со промените во дизајнот на автомобилот, британскиот пилот предложил промени во работните процеси во тимот и во прашањата за интеракција меѓу одделите.
Британецот смета на промени во моторната сопирачка, бидејќи тој сè уште не може да се навикне на неа во Ферари.
Четириесетгодишниот Хамилтон и неговиот тимски партнер Шарл Леклер се исто така незадоволни од предната суспензија на болидите.
Во тековната сезона Хамилтон со 109 освоени бодови е на 6. место во индивидуалниот пласман во Формула 1. зс/
Фото: ЕПА