• понеделник, 15 јули 2024

Хамилтон за смртта на Коби: Загубивме еден од најголемите спортисти во историјата

Хамилтон за смртта на Коби: Загубивме еден од најголемите спортисти во историјата
Лондон, 27 јануари 2020 (МИА) - Поранешните и сегашни пилоти во Формула 1 изразија сочувство за смртта на легендарниот кошаркар Коби Брајант. Хамилтон го нарече Брајант еден од најголемите спортисти во историјата. Луис Хамилтон: Со тага дознав дека изгубивме еден од најголемите спортисти во историјата. Личност која беше инспирација за толку многу луѓе - вклучително и мене. Длабоко ми е жал за неговото семејство и од сите луѓе за кои тој беше пример. Нека Коби и неговата ќерка да почиваат во мир. Џенсон Батон: Почивај во мир, Коби. Ти беше еден од најдобрите спортисти кои некогаш живееле на Земјата. Моето сочувство до неговото семејство и сите чии најблиски загинаа во оваа ужасна несреќа. Ландо Норис: Почивај во мир. Моето сочувство до семејството на Коби и роднините на загинатите во оваа несреќа. Фелипе Маса: Навистина тажен ден за спортот. Бог да ги благослови вашите семејства и пријатели. Серхио Перез: Почивај во мир, легенда! Многу други екипи и тркачи од Формула 1 исто така изразија сочувство. зс/

Остани поврзан