• петок, 08 ноември 2024

Хамилтон: Големата награда на Лас Вегас ќе биде една од најдобрите во Ф1, ако не и најдобра

Хамилтон: Големата награда на Лас Вегас ќе биде една од најдобрите во Ф1, ако не и најдобра
Лондон, 25 октомври 2022 (МИА) - Луис Хамилтон има големи надежи за Големата награда на Лас Вегас. Првата трка ќе се одржи во 2023 година и ќе биде трета Формула 1 настан во земјата заедно со ГН на САД и Мајами. - Не се сомневам дека организаторите ќе се подготват одлично. Трката ќе биде апсолутно неверојатна. Без сомнение, патеката можеби, ќе биде една од најдобрите, ако не и најдобра. Ќе биде одлична, тоа веќе можам да го кажам. Градските патеки не се толку добри како поотворените, а особено новите патеки. Еве една фантастична патека, може да се борите на неа, интересна е и широка, урбаната атмосфера ќе биде неспоредлива со ништо друго. Сите тие ноќни светла ќе бидат неверојатни. Прекрасно е што конечно станавме толку популарни во оваа земја. Американците се големи љубители на спортот, многу енергични, изјави пилотот на Мерцедес. Хамилтон во тековната сезона собра 198 бодови и се наоѓа на 6.место, далеку зад старо-новиот шампион Макс Верстапен од Ред Бул кој има 391 бод. зс/

Остани поврзан