• среда, 24 јули 2024

Хамес потпиша за Олимпијакос

Хамес потпиша за Олимпијакос
Атина, 15 септември 2022 (МИА) – Хамес Родригез кариерата ќе ја продолжи во Грција. Поранешниот играч за врска на Реал Мадрид и Баерн потпиша договор со Олимпијакос. Последен клуб на Колумбиецот беше катарскиот Ал Рајан. Денеска страните со меѓусебен договор го раскинаа договорот. Претходно грчкиот клуб потпиша со уште еден поранешен фудбалер на Реал Мадрид, дефанзивецот Марсело. По четири кола во грчката Суперлига, Олимпијакос е на третото место на табелата со осум бодови, четири помалку од лидерот Панатинаикос. зс/

Остани поврзан