Хамбургер се врати во Бундеслигата по седум години во второто ниво на германскиот фудбал
- Поранешниот европски шампион, Хамбургер, повторно ќе игра во елитата на германскиот фудбал.
Хамбург, 11 мај 2025 (МИА) - Поранешниот европски шампион, Хамбургер, повторно ќе игра во елитата на германскиот фудбал.
Со едно коло до крајот на сезоната во Втората Бундеслига, тимот предводен од тренерот Мелвин Ползин е недостижен за третопласираниот Елферсберг.
Хабургер го одбележа своето враќање во Бундеслигата, од која отсуствуваше седум сезони, со победа од 6-1 над гостинскиот тим Улм.
Во текот на изминатите шест сезони во Втората Бундеслига, Хамбургер заврши на четвртото место четири пати, а двапати тимот беше трет и губеше во бараж од тим од Бундеслигата. дс
Фото: Принтскрин