• четврток, 21 ноември 2024

Хамас ја поздрави резолуцијата на ОН за прекин на огнот 

Хамас ја поздрави резолуцијата на ОН за прекин на огнот 

Газа, 27 октомври 2023 (МИА) – Хамас го поздрави усвојувањето на резолуцијата на Генералното собрание на Обединети нации која се бара прекин на огнот во Појасот Газа.

Во соопштението се истакнува дека резолуцијата итно треба да биде спроведена, вклучително и достава на гориво и помош за цивилите во Појасот Газа.

И палестинското Министерството за надворешни работи ја поздрави резолуцијата, потенцирајќи дека израелската инвазија „достигнува нов врв на бруталност“.

Претходно, израелскиот амбасадор во Обединети нации, Гилад Ердан ја отфрли резолуцијата на ОН со која се бара хуманитарно примирје во Појасот Газа, истакнувајќи дека Израел ќе продолжи да се брани.

- Ова е црн ден за ОН и за човештвото … Сите сме сведоци дека ОН повеќе не поседуваат ниту една унца легитимност или релевантност, истакна Ердан, додавајќи оти Израел ќе ги употреби „сите средства“ во борбата против Хамас.

Генералното собрание на Обединети нации вечерва со мнозинство гласови усвои резолуција со која се повикува на итно хуманитарно примирје во Појасот Газа.

Во резолуцијата, на предлог на Јордан во име на арапските држави, се осудуваат сите акти на насилство против палестинските и израелските цивили, како и терористичките и неселективнио напади.

Исто така се повикува на непречена помош и заштита на цивилите.

Резолуцијата е усвоена со 120 гласа „за“, „против“ 14 и 45 „воздржани“.

Одлуките на Генералното собрание не се правно обврзувачки, но имаат морална тежина поради универзалноста на членството. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан