• петок, 05 декември 2025

Хамас: Преговорите немаат смисла додека не се запрат злосторствата од глад, жед и убиства

Хамас: Преговорите немаат смисла додека не се запрат злосторствата од глад, жед и убиства

Газа, 6 мај 2025 (МИА) - Палестинското движење Хамас денеска оцени дека преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа повеќе не се релевантни во оваа фаза и ја повика меѓународната заедница да изврши притисок врз Израел да ја прекине „војната на гладот“ на палестинската територија.

„Нема смисла да се влегува во преговори или да се разгледуваат нови предлози за прекин на огнот додека во Појасот Газа продолжува војната на гладот ​​и војната на истребување“, изјави членот на политичкото биро на Хамас, Басем Наим.

Тој ја повика меѓународната заедница да „изврши притисок врз израелската влада на Бенјамин Нетанјаху да ги прекине злосторствата од глад, жед и убиства во Појасот Газа“.

Израелската армија синоќа објави дека новата воена операција во Појасот Газа ќе бара внатрешно раселување на „мнозинството“ Палестинци од територијата.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, изјави дека е „вознемирен“ од планот за проширување на воените операции во Појасот Газа.

„Тоа неизбежно ќе доведе до безброј дополнителни смртни случаи и понатамошно уништување во Газа“, изјави портпарол на ОН, додавајќи дека Појасот Газа е „интегрален дел од идната палестинска држава“. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан