Хамас побара привремен имунитет за своите членови во тунелите во Рафа
- Според медиумите, Хамас побарал имунитет за околу 200 свои членови, кои би биле изнесени од тунелот, зад „жолтата линија“, на територијата контролирана од милитантната група, со возила на Црвениот крст.
Газа, 2 ноември 2025 (МИА) - Палестинската милитантна група Хамас денеска побара привремен имунитет за своите членови кои се наоѓаат во тунелите во градот Рафа, на југот од Појасот Газа, за да можат да се преселат во областите во рамките на „жолтата линија“ кои не се контролирани од израелската армија, објавува „Џерусалем пост“.
Според медиумите, Хамас побарал имунитет за околу 200 свои членови, кои би биле изнесени од тунелот, зад „жолтата линија“, на територијата контролирана од милитантната група, со возила на Црвениот крст.
Ал Џезира објави дека Израел и Хамас се вклучени во директни преговори за ова прашање.
Израелските власти сè уште не дале коментар за ова прашање.
„Жолтата линија“ во Газа ја претставува границата зад која се повлекоа трупите на Израелските одбранбени сили во Појасот Газа, по постигнувањето на мировниот договор, кој стапи на сила на 10 октомври со посредство на САД. сд/
фото:ЕПА