• недела, 06 октомври 2024

Хамас: Нетанјаху поставува пречки во преговорите за прекин на огнот

Хамас: Нетанјаху поставува пречки во преговорите за прекин на огнот

Газа, 8 јули 2024 (МИА) – Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху поставува пречки на патот на преговорите за прекин на огнот во услови на тековни разговори за постигнување договор за ставање крај на војната во Газа, соопшти денеска палестинската милитантна група Хамас.

Во денешното соопштение Хамас ги повика посредниците да ги спречат „маневрите и злосторствата“ на Нетанјаху.

Претходно денеска, Нетанјаху објави четири непреговарачки услови за примирје во енклавата, од кои еден предвидува дека секој потенцијален договор мора „да му дозволи на Израел да се врати во борбите додека не ги постигне сите цели на војната“. јт/

Фото: МИА архива

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан