• сабота, 16 ноември 2024

Хамас и палестински Исламски џихад ја поздравија тужбата на Јужна Африка против Израел

Хамас и палестински Исламски џихад ја поздравија тужбата на Јужна Африка против Израел

Газа, 30 декември 2023 (МИА) – Палестинските терористички организации ја поздравија Јужна Африка за поднесувањето тужба против Израел пред највисокиот суд на ОН, јави ДПА.

Ова е важен чекор кон владата во Израел која е одговорна за војната во Газа, се вели во денешното соопштение на исламистичката милитантна група Хамас.

Јужна Африка вчера го обвини Израел за геноцид врз Палестинците во Појасот Газа и поднесе тужба до Меѓународниот суд на правдата на ОН (МСП) во Хаг, барајќи прекин на борбите.

- Израелските лидери се криминалците на ова време кои ги извршија најужасните масакри што човештвото ги видело во модерната историја, наведе Хамас кој е на власт во Газа.


Војната во Газа почна по бруталните терористички напади на Хамас и другите групи против Израел во израелските погранични градови на 7 октомври, при што загинаа 1.200 луѓе, вклучително и повеќе од 300 на музички фестивал на отворено.

Израел, преку портпаролот на Министерството за надворешни работи, Лиор Хајат, ја осуди и отфрли жалбата на Јужна Африка.

- Јужна Африка соработува со терористичка организација која повикува на уништување на државата Израел, напиша портпаролот на Министерството за надворешни работи Лиор Хиаит на Х. јт/

Фото: МСП

Остани поврзан