• сабота, 21 декември 2024

Хамас: Извештајот на Амнести Интернешнл за „геноцидот“ во Газа е повик до светот

Хамас: Извештајот на Амнести Интернешнл за „геноцидот“ во Газа е повик до светот

Газа, 5 декември 2024 (МИА) - Палестинското движење Хамас денеска соопшти дека извештајот на меѓународната организација за човекови права „Амнести Интернешнл“, кој го обвинува Израел за „геноцид“ врз Палестинците во Појасот Газа, е порака до светот дека е потребно да се преземат мерки за да се стави крај на овие злосторства.

„Извештајот е нова порака до меѓународната заедница (...) за неопходноста од преземање мерки за запирање на овој геноцид, кој трае повеќе од четиристотини дена“, соопшти палестинското исламистичко движење во медиумска изјава.

Во соопштението се наведува дека споменувањето на „САД и други држави“ во извештајот претставува „потврда за нивното учество во овој геноцид“. ссм/

Остани поврзан