Хамас емитуваше видео-снимка со двајца израелски заложници
- Вооруженото крило на Хамас денеска емитуваше видео со двајца Израелци, кои се земени како заложници при нападот врз Израел на 7 октомври 2023 година
Газа, 5 септември 2025 (МИА) – Вооруженото крило на Хамас денеска емитуваше видео со двајца Израелци, кои се земени како заложници при нападот врз Израел на 7 октомври 2023 година.
На видео-снимката во траење од 3,5 минути прикажан е еден од заложниците во како се вози низ разурнатата Газа и на хебрејски јазик го повикува израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да не ја спроведува најавената офанзива врз градот.
На крајот од видеото се појавува друг заложник, кој изјавува дека е во градот Газа и дека оти видеото е снимено на 28 август 2025 година.
Но, автентичноста на видео-снимката сè уште не е потврдена. ми/
фото: МИА архива