• сабота, 21 декември 2024

Хамас го прифати египетскиот предлог за формирање заеднички палестински комитет за управување со Газа

Хамас го прифати египетскиот предлог за формирање заеднички палестински комитет за управување со Газа

Газа, 5 декември 2024 (МИА) - Хамас соопшти дека ја прифатил иницијативата на Египет за формирање заеднички палестински комитет за управување со Појасот Газа по завршувањето на војната со Израел, пренесува Анадолија.

Според соопштението, во Каиро биле одржани детални разговори меѓу претставници на Хамас и Фатах за воспоставување комитет преку имплементација на претходно договорените рамки за палестинско единство.

„Хамас го одобри египетскиот предлог за формирање комитет за поддршка на заедницата, кој ќе функционира преку инклузивни национални механизми“, стои во соопштението.

Претставници на Хамас во Каиро разговарале и со Народниот фронт за ослободување на Палестина (PFLP) за развојот на ситуацијата во Газа и на Западниот Брег. На одделни состаноци со истакнати палестински личности биле разменети најнови информации за разговорите со Фатах и египетскиот предлог.

Острата поделеност меѓу Фатах и Хамас од 2007 година доведе до политичка поделеност на окупираниот Западен Брег и Газа. ссм/

фото: архива

Остани поврзан