Хамас апелира светот да го запре израелското бомбардирање врз Појасот Газа
- Хамас го повикува светот „веднаш да дејствува“ и да го запре израелското бомбардирање врз Појасот Газа. Апелот е упатен вечерва по интензивирани нападите од израелската армија врз палестинската територија

Рамалах, 27 октомври 2023 (МИА) – Хамас го повикува светот „веднаш да дејствува“ и да го запре израелското бомбардирање врз Појасот Газа. Апелот е упатен вечерва по интензивирани нападите од израелската армија врз палестинската територија.
- Ги повикуваме арапските и муслиманските земји и меѓународната заедница да преземат одговорност и веднаш да дејствуваат за да ги запрат злосторствата и серијата масакри врз нашиот народ, се наведува во соопштението на Хамас.
Апелот е упатен вечерва по интензивирани нападите од израелската армија врз палестинската територија. ми/
фото: МИА архива