• сабота, 06 декември 2025

Халибартон ја скина Ахиловата тетива

Халибартон ја скина Ахиловата тетива

Оклахома, 23 јуни 2025 (МИА) – Ѕвездата на Индијана пејсерс, Тајрис Халибартон, ја скина својата Ахилова тетива, изјави неговиот татко Џон Халибартон за „ESPN“.

Најдобриот кошаркар на Пејсерс се повреди во првата четвртина од седмиот натпревар од финалето на НБА против Оклахома Сити (91-103) одигран ноќеска на теренот на Оклахома. Откако се проби кон кошот, Халибартон наеднаш падна на паркетот, а немаше контакт со противнички играч.

Халибартон не можеше сам да го напушти теренот, а медицинските лица долго време му пружаа помош.

Индијана ја загуби финалната серија со 4:3. зс/

Фото. ЕПА

Остани поврзан