• понеделник, 23 декември 2024

Халеп за одлуката да не ангажира тренер: Слободно уживам во ситуацијата

Халеп за одлуката да не ангажира тренер: Слободно уживам во ситуацијата
Лондон, 12 февруари 2022 (МИА) - Двократната Грен слем шампионка Симона Халеп ја коментираше нејзината одлука да не ангажира тренер. - Сега немам тренер, имам спаринг-партнер кој патува со мене. Не донесов одлуката за тренер. Не барам решение за тоа, само уживам и се надевам дека ќе се снајдам добро. Чувствувам одредена слобода, па мислам дека треба да се ужива во овој момент. Нема да кажам дека тоа е најдобрата ситуација, но навистина со нетрпение очекувам да се испробам и да видам како ќе биде, изјави Халеп за британските медиуми. На прашањето дали сега самостојно ќе ги набљудува ривалите на турнирите за да се подготви за натпреварите, Халеп одговори: „Не. Ги познавам сите девојки и сигурна сум дека знам да играм натпревари. Халеп следната недела ќе игра на турнир во Дубаи. зс/

Остани поврзан