• недела, 22 декември 2024

Халеви: Подготвени сме за секое сценарио долж либанската граница

Халеви: Подготвени сме за секое сценарио долж либанската граница

Тел Авив, 2023 (МИА) - Израелската армија е подготвена за секое сценарио долж границата со Либан, изјави денеска началникот на Генералштабот на израелските одбранбени сили (ИДФ) Херзи Халеви за време на средбата со градоначалниците на општините на северот на Израел.

„Донесовме тешка одлука да ги евакуираме жителите на северот и јас сум благодарен за начинот на кој покажавте издржливост и трпение и ни дозволивте да се бориме“, рече Халеви.

Како што објави Тајмс оф Израел, тој додаде дека враќањето на евакуираните жители ќе биде координирано со локалните власти, со, како што наведе, „разбирање дека нема да можеме да се вратиме на ситуацијата што постоеше овде пред војната“.

„Во изминатите осум недели, борците на ИДФ и нивните команданти одлучно се бореа и го бранеа нашиот дом. Ние ќе продолжиме да се бориме и сме подготвени за развојот на настаните на другите фронтови, вклучително и на северот“, рече Халеви. паг/

Фото: ИДФ

 

 

Остани поврзан