Халанд: Морам да го водам тимот
- Фудбалерот на Манчестер сити, Ерлинг Халанд, верува дека мора да ја преземе улогата на лидер во тимот.
Манчестер, 14 септември 2025 (МИА) – Фудбалерот на Манчестер сити, Ерлинг Халанд, верува дека мора да ја преземе улогата на лидер во тимот.
- Многу важни играчи си заминаа, па новите момци мора да дојдат и да направат разлика, а оние како мене кои се тука неколку години мора да преземат поголема одговорност. Морам да го водам тимот, да им помогнам на новите момци да се адаптираат што е можно побрзо, бидејќи не е лесно да се дојде во нова земја и веднаш да се игра. Треба да си помагаме едни со други, изјави Халанд за „Скај Спортс“.
„Граѓаните“ освоија три бода по првите три натпревари од тековната сезона и моментално е на 16. место во англиската Премиер лига.
Халанд игра за Сити од 2022 година. Дваесет и петгодишниот Норвежанец одигра 149 натпревари за тимот во сите натпреварувања, постигнувајќи 127 гола и 21 асистенција.
Денес од 17:30 часот Манчестер сити ќе биде домаќин на Манчестер јунајтед во дербито на четвртото премиерлигашко коло. зс/
Фото: ЕПА