• петок, 19 април 2024

Халанд го пропушта стартот на евроквалификациите

Халанд го пропушта стартот на евроквалификациите

Осло, 21 март 2023 (МИА) – Норвешкиот напаѓач на Манчестер сити, Ерлинг Халанд, ќе го пропушти почетокот на квалификациите за ЕУРО2024 поради повреда на препоните.

Халанд се повреди во четвртфиналето од ФА купот против Барнли и нема да биде во составот на Норвешка за квалификациските дуели против Шпанија и Грузија оваа недела.

„Се надевавме дека ова е само полесна повреда, но по вчерашните прегледи стана јасно дека нема да конкурира за натпреварите против Шпанија и Грузија“, изјави докторот на норвешката репрезентација Ола Санд.

Додаде дека Халанд ќе ја продолжи рехабилитацијата во својот клуб.

Халанд во дресот на норвешката репрезентација има постигнато 21 голови на 23 натпревари, додека за Сити досега 42 пати се запиша во листата на стрелци на 37 натпревари. ег/

ФОТО: Твитер

Остани поврзан