• понеделник, 25 ноември 2024

Халанд ги негираше наводите дека е повреден

Халанд ги негираше наводите дека е повреден

Осло, 21 март 2024 (МИА) -  Фудбалерот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд денеска ги отфрли наводите дека се повредил на тренингот на норвешката репрезентација.

Халанд е подготвен за натпреварите со норвешката репрезентација против Чешка во петок и Словачка во вторник.

На снимките објавени во Норвешка во вторникот можеше да се види дека Халанд има болки за време на тренингот, но репрезентативниот лекар изјави дека нема проблем со повредата на напаѓачот.

Халанд на прес-конференција во Осло изјави дека се чувствува добро.

- Не излегов од тренингот, не знам кој го напиша тоа. Одработив целосен тренинг, се чувствувам добро и подготвен сум да играм, изјави тој.

По репрезентативната пауза, Халанд ќе има натпревари со Манчестер Сити во Премиер лигата, ФА Купот и Лигата на шампионите, а во сите три натпреварувања тимот ги брани титулите.

Халанд минатата сезона беше најдобар стрелец во Премиер лигата, а и во досегашниот дел од оваа сезона постигна најмногу голови. Тој веќе отсуствува два месеци поради повреда на стапалото.

Откри што му рекол тренерот на Сити, Пеп Гвардиола пред да замине.

-Единственото нешто што го кажа Пеп е: „Ако не си добро кога ќе се вратиш, јас ќе се грижам за тебе“. Убаво е да се игра за својата земја. Но, играњето со Арсенал следниот викенд и играњето со Чешка на домашен терен е поинаку. Нема да лажам, голема е разликата. Но, што да се прави? Во календарот има што повеќе натпревари, се чини дека тоа е целта - изјави Норвежанецот.дс

Фото: Архива

Остани поврзан