• петок, 22 ноември 2024

Хакирани каналите за информирање на Алијанса за Албанците

Хакирани каналите за информирање на Алијанса за Албанците

Скопје, 6 март 2024 (МИА) - Каналите за информирање на Алијанса за Албанците се хакирани од, како што велат, злонамерни поединци.

Како што информираат вечерва од партијата за понатамошно известување ќе користат нови мејлови за информативни прашања, прашања од новинари или барања за коментари и за прашања поврзани со агендата на претседателот на Алијансата за Албанците. 

- Против злонамерните лица за вакви сајбер криминали ќе бидат преземени неопходните законски мерки. Ниту едно соопштение од узурпираните комуникациски канали не претставува официјален став на Алијансата за Албанците и нејзините легитимни тела, до разрешување на ова прашање, за што ќе бидете навремено известени, се вели во соопштението од Алијансата за Албанците. аа/мд/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан