Хакими, се соочува со казна затвор до 15 години за силување
- Обвинителството во францускиот град Нантер побара дефанзивецот на ПСЖ, Ашраф Хакими, да биде обвинет за силување, објави „Ле Паризиен“.
Париз, 2 август 2025 (МИА) - Обвинителството во францускиот град Нантер побара дефанзивецот на ПСЖ, Ашраф Хакими, да биде обвинет за силување, објави „Ле Паризиен“.
Во 2023 година, 24-годишна девојка изјавила дека дошла во домот на фудбалерот откако го запознала на социјалните мрежи. Според неа, Хакими таму извршил насилни дела против неа, и покрај нејзиното одбивање да има секс. Подоцна таа контактирала со полицијата.
Доколку Хакими биде прогласен за виновен, играчот се соочува со казна затвор до 15 години.
Дваесет и шестгодишниот Мароканец игра за ПСЖ од летото 2021 година. Минатата сезона одигра 55 натпревари во сите натпреварувања, постигна 11 гола и направи 16 асистенции. зс/
Фото: ЕПА