• среда, 25 декември 2024

Хакерски напад на фејсбук страницата на УКИМ

Хакерски напад на фејсбук страницата на УКИМ
Скопје, 4 јули 2022 (МИА)Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје соопшти дека е изведен хакерски напад на нивната фејсбук страница и оти таа моментно е контролирана од непознат субјект. Истовремено, како што се посочува во соопштението, преземени се сите активности во согласност со Статутот на УКИМ, позитивната законска регулатива во државата и правилата на работење на Фејсбук.

-Се извинуваме за настанатите непријатности и се оградуваме од сите објави на неа, до повторно преземање на администрирањето од страна на службите на УКИМ, се наведува во соопштението на Универзитетот.бт/лв/

 

Остани поврзан