• петок, 05 декември 2025

Хакери украдоа десетици илјади лични податоци од гости во италијански хотели

Хакери украдоа десетици илјади лични податоци од гости во италијански хотели

Рим, 13 август 2025 (МИА) - Криминална хакерска група украла лични податоци на десетици илјади туристи во Италија, прибрани од документите за идентификација кои се бараат при пријавување во хотели.

Групата „Mydocs“ во последните денови нуди околу 70.000 документи за продажба преку интернет, соопшти денеска италијанската полиција, пренесува ДПА.

Протекувањето на податоците се однесува на луксузни хотели во Венеција, Трст и на островот Капри. Хакерите, според полицијата, од јуни нелегално влегувале во системите за резервации на повеќе хотели, при што се стекнале со високорезолуциски скенирани копии од пасоши, лични карти и други документи на туристи и деловни патници.

Државната агенција за дигитални работи (AgID) информира дека документите сега се продаваат на „дарк веб“ во пикселизирана форма, по цени од 800 до 10.000 евра.

Весникот „Кориере дел Венето“ објави дека еден од погодените хотели е хотелот со четири ѕвезди Ca' dei Conti во Венеција, од каде наводно биле украдени 38.000 документи.

Во Италија, гостите мора да приложат документ за идентификација при пријавување во хотел, кој обично се копира на рецепција. Сѐ повеќе хотели користат компјутерски системи за автоматизирано дигитализирање на овие податоци. ссм/

фото: архива

Остани поврзан