Хакери пробиле профили на 300.000 корисници на Нинтендо
- Јапонскиот гигант за видео игри Нинтендо призна дека од почетокот на април до сега хакери пробиле во базата на податоци на 300.000 профили на нивни корисници.
Кјото, 10 јуни 2020 (МИА) - Јапонскиот гигант за видео игри Нинтендо призна дека од почетокот на април до сега хакери пробиле во базата на податоци на 300.000 профили на нивни корисници.
Хакерите добиле пристап до лични информации како што се родендени и адреси на електронска пошта, но не и до информации за кредитни картички.
- Длабоко се извинуваме што им предизвикавме проблеми и загриженост на нашите клиенти, соопшти компанијата од Кјото и вети дека ќе ја „зајакне безбедноста ... и ќе спречи ова повторно да се случи“. јт/