• петок, 02 мај 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Една од главните болници во централниот дел на Хаити се затвора поради насилство од бандите

Една од главните болници во централниот дел на Хаити се затвора поради насилство од бандите

Порто-о-Пренс, 23 април 2025 (МИА) - Една од главните болници на Хаити се затвора поради влошена безбедносна ситуација, откако банди го нападнаа градот Миребалис во централниот дел на Хаити, пренесоа агенциите, повикувајќи се на интерни документи.

„Универзитетската болница Миребалаис престана со работа на почетокот на април“, рече Пјер-Мари Шеренфант, заменик-извршен директор на болницата, додавајќи дека болницата почнала да ги транспортира пациентите во други болници во областа.

Болницата, која се наоѓа на околу 55 километри североисточно од главниот град Порт-о-Пренс, со години служеше како референтна установа за пациентите, обезбедувајќи прифатлива здравствена заштита за тешки случаи, од коронавирус до напредни третмани за рак. рп/

Фото: МИА архива

 
 

Остани поврзан