• недела, 22 декември 2024

Хаити: Полицијата фатила шест атентатори на претседателот Моиз

Хаити: Полицијата фатила шест атентатори на претседателот Моиз
Порт-о-Пренс, 8 јули 2021 (МИА) – Полицијата во Хаити уапсила шест мажи кои го убиле претседателот Жовенел Моиз и трагаат по организаторите кои стојат зад операцијата, изјави денеска шефот на полицијата Леон Чарлс на брифинг со новинарите, емитуван на телевизија. Чарлс апелираше до населението да соработуваат со безбедносните сили и да не предизвикуваат немири, откако маса луѓе се појавија пред полициската станица во главниот град Порт-о-Пренс, каде се сместени осомничените. Премиерот на Хаити, Клод Жозеф, денеска апелираше до граѓаните да ги предадат на полицијата осомничените убијци на претседателот Жовенел Моиз и да не ги линчуваат. Претходно денес стотици жители на Хаити пред полициската станица во Порт-о-Пренс, каде што се наоѓаат осомничените за убиството, извикуваа „изгори ги“. Тие запалија возило за кое претпоставиле дека е возило на атентаторите. Претседателот на Хаити Моиз (53) беше убиен од непознати напаѓачи во неговата приватна резиденција, а неговата сопруга Мартин Мари Етјен Жозеф, која исто така беше ранета во нападот, се наоѓа во критична состојба и е пренесена во болница во Мајами. јт/

Остани поврзан