• недела, 22 декември 2024

Хагари: Ние сме решени и подготвени за сите фази од војната - евакуирајте се, ќе нападнеме со сета сила

Хагари: Ние сме решени и подготвени за сите фази од војната - евакуирајте се, ќе нападнеме со сета сила

Тел Авив, 14 октомври 2023 (МИА) - Портпаролот на израелската армија Даниел Хагари денеска ги предупреди Палестинците во северниот дел на Газа да се евакуираат, нагласувајќи дека Израел „ќе нападне со сета сила“.

-Ние сме решени и подготвени за следните фази од војната, рече Хагари на прес-конференција, пренесува „Тајмс оф Израел“.

„Фокусирани сме на Газа, но распоредивме сили низ целата земја и тоа ни овозможува да дејствуваме истовремено во сите правци“, додаде тој.

Хагари кажа дека стотици илјади палестински цивили досега се евакуираа од северот на Газа на југот од енклавата, откако израелската армија вчера издаде предупредување дека наскоро ќе изврши жесток напад врз областа.

Тој посочи дека Хамас се обидува да ги спречи цивилите да се евакуираат „бидејќи лидерите на организацијата се кријат под нив“. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан