• петок, 05 декември 2025

Хавајска туристичка организација им плаќа на туристите да  заминат од Островот

Хавајска туристичка организација им плаќа на туристите да  заминат од Островот
Хонолулу, 24 април 2020 (МИА) – Хавајска туристичка организација „Алоха Сосиет“  им помага на туристите да си заминат од Островот поради пандемијата со новиот коронавирус, со тоа што им ја плажа авионската карта до нивните земји. Агенцијата  издвоила 25.000 долари за патни трошоци за туристите кои мораат да си заминат ако одбијат 14 дневен карантин, што е пропишан од државата. Хавајските власти соопштија дека за патните аранжмани е задолжена „Визитор Алоха Сосиет“, што и во нормални околности им помага на туристите на Хаваи да ги решат проглемите со кои се соочуват, како што се кражба или здравствени проблеми. Од почетокот на воведува на вонредната состојба од Хаваи поради пандемијата со Ковид-19, вратени се 19 луѓе, а во одредени случаи поради прекршување на мерките морале да платат и казна. На Хаваите досега се потврдени вкупно 596 случаи, а починати се 12 лица. ки/ми/ 

Остани поврзан